26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБугарија и Романија не биле подготвени за влез во ЕУ

Бугарија и Романија не биле подготвени за влез во ЕУ

EU (1) zemjite 35

Бугарија и Романија влегоа во Европската унија во јануари 2007 година, покрај мислењето на ревизорите дека не се подготвени за пристап, наведе Европскиот ревизорски суд (ECA), од каде сакаат слична ситуација да се избегне во идното проширување на ЕУ.

Членот на судот Иштван Саболч Фазакаш, кој неодамна ги претстави резултатите на контролата на трошење на претпристапната помош кај кандидатите за ЕУ од Западен Балкан, зборуваше и за своето искуство како претседател на Одборот за буџетска контрола на Европскиот парламент во 2006 година, кога Бугарија и Романија беа пред влез во унијата.

Како што рече Фазакаш, во извештајот на Судот за Бугарија и Романија од јули 2006 година експлицитно е наведено дека на тие земји им е потребно повеќе време за да се подготват за приклучување кон ЕУ за да можат на конкретен начин да ги апсорбираат европските пари.

Фазакаш како претседател се консултирал со тогашниот комесар за проширување Оли Рен, кој му рекол: „Извини, предоцна е, рацете ми се врзани, политичката одлука Бугарија и Романија да влезат во ЕУ на 1 јануари 2007 година ја донесоа членките по препорака на Европската комисија“.

„Благодара, можеби се во право“, наводно му рекол Рен на Фазакаш, додавајќи дека неговата единствена задача е да обезбеди да дојде до пристапување на 1 јануари, како што е планирано.

Сличен временски притисок се јави и кога Хрватска во 2013 година влегуваше во ЕУ, вели Фазакаш.

Меѓутоа, денеска, таков притисок не постои, додава членот на Ревизорскиот суд потсетувајќи на одлуката на претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, до ново проширување на ЕУ да не дојде до крајот на неговиот мандат во 2020 година.

Во иднина, извештаите на ECA за земјите треба да бидат направени две години пред датумот за пристапување кој ќе го утврди Комисијата, за да се избегнат ограничувањата од минатото, смета Фазакаш.

Како што појасни, објавувањето на ревизијата за Западен Балкан, која е дополнителна на извештаите за земјите, била иницијатива на судот. Ревизорскиот суд образложи дека сака да пружи потполна слика како се потрошени 5,1 милијарди евра на претпристапна помош од ЕК меѓу 2007 и 2014 година и кои лекции треба да се научат за во иднина. Контролата на трошоците од помошта на ЕУ на земјите кои се аспиранти за членство покажала значителни недостатоци на страна на националните влади, соопшти ECA.
Тој извештај за Западен Балкан покажа слаби административни капацитети и отсуство на политичка волја да се реформираат институциите во некои земји.

Исто така, покажа дека низ Западен Балкан релативно малку пари отидоа за реформа на судството, слободата на медиумите и мерките за борба против корупцијата и организираниот криминал. Се предупредува дека политичкиот дијалог со ЕУ треба да биде фокусиран на правосудната реформа така што земјите од Западен Балкан во времето на пристапување кон ЕУ нема да бидат и понатаму изложени на корупција и организиран криминал.

Србија и Црна Гора ги почнаа преговорите за влез во ЕУ, Албанија и Македонија се уште не почнале, а на БиХ и на Косово им е ветена перспектива за членство кога ќе бидат подготвени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП