ЗДРАВЈЕ

Попладневната дремка го зголемува ризикот од дијабетис

dremka 335

Експертите укажуваат дека попладневната дремка треба да трае најдолго еден час.

Експертите истражувале 300.000 луѓе, и откриле поврзаност меѓу попладневната дремка и појавата на дијабетисот.

„Долгата попладневна дремка може да го зголеми ризикот од дијабетис, заклучуваат експертите и додаваат дека во понатамошните студии треба да се докаже ефектот кој го имаат кратките дремки.

Истражувањето покажа дека е потребно да го одредиме времето на долгото спиење преку ден кое влијае и прави здравствени проблеми.

Анализите покажале дека скоро 3,8 милиони возрасни луѓе во Англија боледуваат од дијабетис, а се очекува бројката да порасне и до 4,9 милиони до 2035 година.