20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОMорати подготви 90 милиони за засилувања

Mорати подготви 90 милиони за засилувања

Massimo-Moratti1-514x324

Сопственикот на Интер, Масимо Морати по секоја цена сака да ги врати „нероазурите“ на врвот во италијанскиот, но и европскиот фудбал. Интер по елиминацијата од Рома во полуфиналето од Купот на Италија заокружи уште една сезона без трофеј, а уште поголем удар за Морати е тоа што втора година поред неговиот тим нема да игра во Лигата на шампионите. Па поради тоа првиот човек на тимот од Џузепе Меаца одлучи добро да се „отвори“ во летниот преоден рок и да вложи 90 милиони евра за засилувња.

Прв на листата на желби е Алексис Санчез од Барселона, а по него е шпанската сензација од Малага, Иско, додека во радарот на Интер се најде и српскиот репрезентативец во редовите на Удинезе, Душан Баста.

„Нема сомневање дека Интер како во „златното време“ на крајот на деведесетите и почетокот на новиот милениум ќе троши големи суми на пари за доведување на играчи за да можат „нероазурите“ да се надеваат на успеси и на трофеи“, пренесуваат медиумите во Италија.

Веќе трета година помина од кога Интер ја освои последната титула во италијанското првенство, а во истата сезона клубот од Милано се искачи на врвот на Европа, а притоа го освои и Купот на Италија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП