30 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЗлатниот лав во Венеција за филипинскиот филм „Жената којашто замина“

Златниот лав во Венеција за филипинскиот филм „Жената којашто замина“

лав-лав

Филмот на филипинскиот режисер Лав Диас „Жената којашто замина“ (The Woman Who Left – Ang Babaeng Humayo) е добитник на главната награда Златен лав, на 73-от Венецијански филмски фестивал, објави во саботата вечерта претседателот на меѓународното жири англискиот режисер Сен Мендес.

Четиричасовниот филм „Жената којашто замина“ беше прикажан последниот ден од една од најпрестижните филмски смотри и неочекувано влезе меѓу фаворитите. Режисерот Лав Диаз коко сведоштво на борбата на Филипинците по еден век колонијалните власти и нејзините последици и ја посвети својата татковина.

„Ова за мојата земја, за филипинскиот народ, за нашата борба, за борба за хуманоста“, изјави 57-годишниот режисер примајќи ја наградата.

Дејствието се одвива во 1997 година, кога сите зборуваат за смртта на принцезата Дијана и смртта на Мајка Тереза, а филипинската жена, главната хероина во филмот, се судира со жестока реалност во нејзиниот свет. Диас е воедно и сценарист, и оператор и монтажер. Претходно Диас учествуваше во програмата „Хоризонти“ на Венецискиот фестивал, втора по значење, на кој победи во 2008 година, и на програмата „Особен поглед“ на Канскиот фестивал.

Сребрениот лав и големата награда на жирито ја доби филмот „Ноќни животни“(Nocturnal Animals). на режисерот Том Форд.

Сребрениот лав за најдобар режисер годинава го поделија рускиот режисер Андреј Кончаловски за филмот „Рај“ и мексиканскиот режисер Амат Ескаланте за „Дива област“ (La region salvaje).

Наградата Волпи за надјобра актерка ја доби Ема Стоун за ролјата во мјузиклот „Ла-Ла-Ленд“ (La La Land),додека Оскар Мартинез кој настапи аргентинскиот филм „Уважениот граѓанин“(El ciudadano ilustre).

Специјалната награда на жирото ја освои Американката Ана Лили Амирпур за филмот „The Bad Batch“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП