25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФјури-Кличко на 29-ти октомври

Фјури-Кличко на 29-ти октомври

fjuri klicko 3

Реванш мечот за светската титула во тешка категорија помеѓу актуелниот и поранешниот шампион, Тајсон Фјури и Владимир Кличко, ќе се одржи на 29.октомври во Манчестер, објави на Твитер тренерот на британскиот боксер.

Фјури, во ноември минатата година, го победи Кличко со едногласна одлука на судиите, му го нанесе првиот пораз по 11 години и стана шампион во верзиите WBA, WBO, IBO и IBF. Во меѓувреме IBF му ја одзеде титулата бидејќи се реши да боксува повторно против Кличко, а не против предизвикувачот Вјачеслав Глазаков.

Првично реваншот Фјури-Кличко беше закажан за 9.јули, но истиот беше одложен бидејќи Британецот го повреди скочниот зглоб.

Инаку и реваншот беше неизвесен бидејќи антидопинг агенцијата на Велика Британија го обвини Фјури дека употребувал недозволени суспанци. Светскиот првак ги негираше обвинувањата и најави тужба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП