9 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕАнтиоксидантите се кријат во овие пет намирници

Антиоксидантите се кријат во овие пет намирници

655-402-domati

Овие пет намирници би требало да станат дел од вашата секојдневна исхрана…

Кога станува збор за суперхраната и лековитите состојки прва асоцијација се антиоксидансите. Тие навистина прават чудо за нашиот организам – не штитат од различни болести, го забавуваат стареењето и го зајакнуваат имунитетот.

Боровинки

Овие вкусни бобинки имаат повеќе антиоксиданси и влакна од повеќето овошја и зеленчуци. Покрај тоа, боровинките се богати и со флавоноиди, кои ја поттикнуваат работата на мозокот, спречуваат срцеви заболувања, превентивно делуваат на ракот и ги лекуваат уринарните инфекции.

Домати

Вкусните домати имаат широка примена во кулинарство и се на врвот на листата со најздрави намирници. Содржат моќни антиоксиданти и делуваат превентивно на ракот на простата и органите за варење. Бројни научни студии покажаа дека ликопенот со кој доматот изобилува, може да го намали ризикот за срцеви заболувања и до 30 проценти.

Јагоди

Нивниот прекрасен вкус не е единствената причина да јадете јагоди. Овие прекрасни плодови го чуваат здравјето на срцето, ги намалуваат воспаленијата и го чуваат општото здравје.

Грав

Дали знаете дека гравот е една од најздравите намирници? Тој е одличен извор на протеини, калциум, витамини, антиоксиданси, влакна и други хранливи материи.

Црно чоколадо

Прекрасна вест за сите љубители на чоколадото, но она со големо количество на какао. Доколку уживте во вкусот на црното чоколадо бидете сигурни дека во организмот внесувате навистина здрава состојка, која има моќни антиоксиданси. Се смета дека црното чоколадо го намалува крвниот притисок, ги уништува слободните радикали и делува превентивно на појавата на рак.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП