25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКарловиќ нов рекордер на УС Опен

Карловиќ нов рекордер на УС Опен

карловик

Хрватскиот тенисер Иво Карловиќ успеа да се пласира во второто коло на УС Опен, а во победата над Јен-хсун Лу тој постави апсолутен рекорд на последниот Грен слем сервирајќи 61 ас.

Џинот од Хрватска, 211 сантиметри високиот Карловиќ, освои 105 од 116 поени на првиот сервис, а на крајот славеше против тенисерот од Тајван со 4-6, 7-6, 6-7, 7-6, 7-5.

Карловиќ е тенисерот со најмногу ас сервиси во историјата на тенисот (11.227), а втор е неговиот славен сонародник Горан Иванишевиќ (10.131).

Претходниот рекорд на УС Опен беше во сопственост на Холанѓанецот Ричард Крајчек, кој во 1999 година, во поразот од Евгениј Кафељников имал 49 ас сервиси.

Апсолутен рекорд со најмногу ас сервиси на еден меч е Американецот Џон Изнер, тој во антологискиот меч против Николас Мау на Вимблдон во 2010 година, кој се играше три дена, испратил кон противникот 113 ас сервиси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП