3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМакедоника и UNESCO ги наградија првите четири млади писатели

Македоника и UNESCO ги наградија првите четири млади писатели

макед

Фондација Македоника ги објави првите четири наградени литературни дела во рамките на проектот „Воведување на младите талентирани автори во дигиталната издавачка индустрија“, што се спроведува во соработка и со финансиска поддршка на „Меѓународниот фонд за промоција на културата“ на УНЕСКО.

Во првиот круг на проектот издавачката комисија ги избра збирките раскази „Продавачот на ветер и магла и други приказни“ од Стефан Марковски и „Се смееме низ разговорите на ѕвездите“ од Маја Мојсова, како и романите „Љубов на прв поглед“ од Александра Ѓеорѓиева и „Писмата во библиотеката“ од Јована Матевска. При изборот комисијата се раководеше од уметничкиот израз и литературната зрелост на авторите, согласно нивната возраст.

Објавените дела се достапни за читање на повеќе од 40.000 редовни корисници на бесплатната дигиталната библиотека на Фондација Македоника (www.makedonika.mk).

Во следните девет месеци комисијата ќе избере и ќе награди уште 36 дела од млади автори од Република Македонија, чие доставување и аплицирање е во тек.

Во рамките на форумот на дигиталната библиотека (https://makedonikasite.wordpress.com) читателите имаат можност да ги коментираат и оценуваат своите фаворити, избирајќи го најдоброто дело што ќе ја добие првата награда на УНЕСКО по завршувањето на проектот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП