29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса влегува во трката за Руни

Барса влегува во трката за Руни

Wayne+Rooney+Barcelona+v+Manchester+United+kIflWu3uBuHl

Се погласни се шпекулациите дека Вејн Руни ова лето ќе го напушти Манчестер Јунајтед, па така покрај екипата на ПСЖ во трката за овој фудбалер се приклучи и Барселона.

Руни веќе подолго време ја нема довербата кај Алекс Фергусон, како што беше тоа претходно.

Одредени извори од Островот велат дека искусниот Шкот има проблеми да го вклопи Англичанецот во екипата, позицијата на средината на теренот е нешто што може Руни да го игра, но не му лежи премногу.

Доаѓањето на Робин ван Перси дополнително го затвори просторот во напаѓачката линија за англискиот репрезентативец, а доколку и Фалкао пристигне на Олд Трафорд, Руни дефинитивно би имал голема конкуренција.

Па така во врска со ова, најдобро решение за Англичанецот би било негово заминување за кое многу се зборува во последно време.

Тој е споменуван во желбите на ПСЖ, но „светците“ не го кријат својот интерес за Руни, а во оваа трка се приклучи и Барселона која ќе се обиде на лето да го доведе фудбалерот на Јунајтед во своите редови.

Некои шпански медиуми блиски до каталонскиот клуб веќе на големо објавуваат дека покрај Нејмар, главна мета на Барса е и Руни.

Новиот шампион на Шпанија е во потрага по „деветка“, а според информациите Руни одлично би се вклопил во системот со Меси и екипата.

Иако овие информации кога Вејн Руни е во прашање треба да се гледаат со резерва, но каде има дим има и оган, затоа што Руни веќе еднаш спомена дека е пред заминување од Олд Трафорд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП