18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПочина актерот Џин Вајлдер

Почина актерот Џин Вајлдер

ак-џим

Американскиот актер Џером Силберман, попознат под псевдонимот Џин Вајлдер, почина во својот дом во Стамфорд во сојузната држава Конектикат на возраст од 83 години, соопшти во понеделникот неговото семејство.

Како што објави списанието Variety, Вајлдер починал од компликации поврзани со Алцхајмеровата болест со која се бореше последните три години. Во 1989 година кај актерот, исто така, беше дијагностициран лимфом.

Вајлдер, кој беше двапати номиниран за престижните филмски награди Оскар и за Златен глобус а е лауреат на Еми, се прослави по филмовите како „Продуценти“ (The Producers, од 1968 година), „Вили Вонка и фабриката за чоколада“ (Willy Wonka & the Chocolate Factory, 1971), „Ништо не гледам, ништо не слушам“ (See No Evil, Hear No Evil, 1989), „Младиот Франкенштајн“ (Young Frankenstein, 1974).

Вајлдер е познат и како дел од комичарскиот тандем со Ричард Прајор, а често соработуваше и со Мел Брукс.

Во последните неколку години ликот на Вили Вонка толкуван од Вајлдер стана популарно интернет мемо „Ајде, раскажи ми“ (во оригинала на англиски „You must be new here“). Во истиот филм, останува славна до денес фразата која ја изговара главниот лик: Would you like to see?, обраќајќи им се на децата дојдени во неговата фабрика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП