27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманскиот вицеканцелар ги прогласи преговорите за TTIP за пропаднати

Германскиот вицеканцелар ги прогласи преговорите за TTIP за пропаднати

ттип-стоп-1

Германскиот вицеканцелар, министер за економија и претседател на коалициската во владата Социјалдемократска партија на Германија (SPD), Зигмар Габриел,во разговорот за јавниот телевизиски сервис ZDF преговорите меѓу Европската унија и САД за Трансантлантското трговско и инвестициско партнерство (TTIP) ги прогласи за пропаднати.

„Преговорите со САД дефакто се пропаднати, бидејќи ние како Европејци не смееме да потклекнеме пред американските барања“, изјави Габриел во разговорот за ZDF кој во целост беше прикажан целосно во неделата навечер.

Најголемиот проблем и натаму се приватните арбитражни судови во случај на спорови со странските инвеститори на што инсистира американската страна. Европската страна, во што предничи германската влада, остро го отфрла воведувањето на специјални судови и бара јуриздикција на постојните трговски судови.

Габриел истовремено, и наспроти ставот на еден дел од својата партија, го брани сличниот договор со кој Европската унија во моментов преговара со Канда (CETА). „Расправата стана тешка во оној момент CETA и TTIP почнаа да се фрлаат во ист кош“, вели Габриел.

Од јули 2013 година зад затворени врати ЕУ преговара за TTIP, а во 2015 година требаше да биде разработен а потоа за половина година да биде одобрен од Европскиот парламент и националните парламенти на земјите потписнички на овој договор. Неговата цел е создавање на најголемата зона на слободна трговија во светот, со пазар од околу 820 милиони потрошувачи. Покрај САД и земјите од ЕУ, во договорот се вклучени и Канада, Мексико, Швајцарија, Лихтенштајн, Норвешка и Исланд, како и земји кандидати за членство во Европската унија.

Овој договор во Европа е многу критикуван, а се зголемува и бројот на неговите противници, како и во САД, поради стравувањата на Европејците дека ќе доведе до намалување на стандардите во заштитата на потрошувачите, заштитата на природната средината. Една од најголемите контроверзии е преговорите е заштитата на инвеститорите, бидејќи Американците сакаат на некој начин да ги заобиколат државите членки на ЕУ и евентуалните спорови околу заштитата на вложувањата да се решаваат со арбитражен механизам надвор од контролата на државите членки.

Меѓутоа, покрај негодувањата во земјите од ЕУ искажани со големи протесни собири низ европските престолнини, скептицизмот расте и во САД. Така само 17 отсто Германци и 15 отсто Американци во мај годинава сметаа дека TTIP е „нешто добро“, наспроти повеќе до 50 проценти во 2014 година, според испитувањето на јавното мнение на фондацијата Bertelsmann, кое беше објавено пред десетина дена непосредно пред посетата на американскиот претседател Барак Обама на Хановер, каде што со челниците на главните членки на ЕУ ги промовираше споменатиот договор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП