6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНа Етно плоштад Берово, концерти на Северина, Нокаут, Фолтин

На Етно плоштад Берово, концерти на Северина, Нокаут, Фолтин

seve berovo 33

Источниот регион е во очекување на еден од најдобрите културни настани кој се случува летниот период, Етно плоштад Берово, на кој ќе настапат повеќе ансамбли, како и хрватската ѕвезда Северина, македонските бендови Фолтин и Нокаут и други изведувачи.

Берово изминатите години изгради имиџ на град кој креира препознатливи културни настани, кои ја подобрија културната понуда на регионот.

Оваа година главна звезда на фестивалот е балканската звезда Северина која што доаѓа во Берово по успешниот концерт во Гуча, Србија. Организаторот најавува спектакуларен концерт на кој се очекува да пристигнат посетители од целиот регион и соседството.

Освен Северина најавени се настапите на SHINE, Фолтин, Нокаут, Горан Алачки, Ансамбал Македонија, Влатко Лозановски и танцов спектакал Fetish Dance Show со кој ќе биде затворен фестивалот.

Како дел од фестивалот на околу 50 штандови се одржува и саемот за еколошки производи и ракотворби „Малешевијата на дланка“ на кој произведувачите изложуваат здрава храна, ракотворби, еколошки производи, традиционални занаети и сувенири.

За време на фестивалот Берово се очекува да го посетат околу 70 000 посетители од Македонија и околните држави.

Освен вечерните концерти кои се одржуваат на 26 и 27 Август со почеток од 20 часот, преку ден фестивалот ќе биде збогатен со настапите на етно групи и ансабли од регионот.

На 27 август со почеток од 16 часот на главната сцена ќе се одржи концерт International Dance Show на кој ќе настапат танцови изведувачи од Австралија, Бразил и Америка.

Организатор на фестивалот е Општина Берово, а главен покровител и оваа година ќе биде компанијата Healthy Food by Zegin.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП