8 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДепардје и Денев повторно заедно на филм

Депардје и Денев повторно заедно на филм

depardje-denev

Француските актери Катрин Денев и Жерар Депардје повторно ќе играат заедно во комедијата „Bonne Pomme“ којашто ќе ја режира Флоренс Квентин, а во која актерката ќе биде сопственичка на локален ресторан, а актерот механичар кој ќе го напушти своето секојдневие за да проба нешто ново.

Снимањето на филмот ќе започне на 22-ри август во Франција, а вкупно би требало да трае седум седмици.

Денев и Депардје досега повеќепати имаа играно заедно, а меѓу најуспешно најуспешните заеднички филмови се „Последното метро“ од 1980 година, приказна за еврејски театарски писател и неговата нееврејска сопруга која го крие од нацистите, како и историската воена драма „Форт Саган“ од 1984 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП