3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЗапочнa шестото издание на ИДТФ Битолино

Започнa шестото издание на ИДТФ Битолино

bitolino 222

Годинава по шести пат од 05 до 07 август, во Битола се одржува интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“ во организација на „Бабец театар“ од Битола, а финансиски поддржан од Министерството за култура.

„Оваа година на фестивалот ќе настапат пет театри од Белгија, Албанија, Русија, Ерменија и Франција“, истакна во петокoт на прес конференција Васко Мавровски, директор на фестивалот.

Тој додаде дека „Бабец театар“ и покрај финансиската криза ќе продолжи да создава театарски претстави кои пред се ќе бидат достојни за презентација пред публиката и кои ќе допрат до секое дете.

„До крајот на оваа година најавуваме два нови наслови и веќе сме во преговори да го продолжиме проектот редовен репертоар со детски претстави. Горди сме што создадовме една генерација на млади луѓе кои токму поради нас го засакаа театарот“, додаде Мавровски.

Честа свечено да го отворат шестото издание на ИДТФ ќе им припадне на децата од театарската школа Бабец создаде по идеа и текст на Јулијана Мирчевска со наслов „Моето кралство“.

„Секојдневно ме погодуваат настаните од нашата реалност, од овој свет кој стана премногу злобен за да можам да го сакам, одземени ми се мислите, во главата ми остануваат слики на скратени детства и постојано ми се раѓаат прашања дали од секогаш човештвото било вакво. И токму затоа колку повеќе стареам, повеќе сакам да бидам дете, во душата, во срцето и затоа го создадов „Моето кралство“, истакна Јулијана Мирчевска, програмски директор на фестивалот.

На Битолино оваа година ќе се одржи една театарска работилница в сабота на Новата сцена во Центар за култура – Битола која ќе биде на тема: „Невербалната комуникација во театарот“.

И оваа година претставите на ИДТФ „Битолино“ ќе се борат за наградата „Најдобра претстава во целина“ која оваа година ќе ја додели тричлено жири во состав на Валентина Грамосли – актер во Народниот театар во Битола, Јавор Зехиров – магистер за куклен театар од Софија, Бугарија како и Никола Пројчевски – актер во Народниот театар во Битола.

Фестивалот има поддршка од Центар за култура Битола, НУ Народен Театар Битола, Светската асоцијација за детски театри АССИТЕЖ и Асоцијацијата за детски театри од средна и југоисточна Европа ТЕАТАР ЕПИЦЕНТАР.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП