20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕИталијанци пронајдоа вакцина против болести предизвикани од брза исхрана

Италијанци пронајдоа вакцина против болести предизвикани од брза исхрана

Hamburger

Италијански тим разви вакцина која може да ги превенира болестите предизвикани од нездравата исхрана со брза и мрсна храна, попозната како „западна диета“, бидејќи луѓето од развиените земји на западот повеќе се хранат на тој начин.

Студијата е објавена во магазинот Scientific Reports, овој месец.

„Благодарение на зголемениот тренд на начин на исхрана, кој предизвикува повисоки нивоа на шеќер и масти во крвта, и кој доминира во западните општества, имаме зголемен број луѓе кои имаат таканаречен „хроничен метаболен синдром“, вели авторот на студијата Филипе Кандучи, од Универзитетот во Милано.

Типично, луѓето со метаболен синдром имаат бројни симптоми, како висок процент на масти кои се таложат околу половината, висок крвен притисок, високо ниво на шеќер во крвта и високо ниво на холестерол.

Метаболниот синдром не е болест сама по себе, туку поврзан е со бројни хронични болести, најчести во западните општества, како дијабетес тип два, срцеви и мозочни удари.

„Долго се знае дека метаболните болести се поврзани со одредена група бактерии присутни во дигестивниот систем, познати како Ентеробактериаце, кои цветаат кога луѓето јадат типична храна за „западна диета“, вели Кандучи.

До сега, биолозите, нутриционистите и лекарите се фокусираа на справување со здравствените проблеми поврзани со западната диета обидувајќи се да ја сменат човечката цревна флора преку пробиотички јогурти, па дури и поддржувачи на фекалиите, но тимот на Кандучи има еден друг пристап.

„Инјектиравме специфичен протеин, познат како ompk36, директно во цревниот ѕид на глувци кои беа хранети со западна диета“, вели Кандучи.

Секако, глувците не јаделе хамбургери, туку глувчешка храна, еквивалент на човечката брза исхрана, богата со јагленохидрати, липиди, сол и шеќер.

„Протеинот ompk36 ја создава групата бактерии Enterobacteriaceae и има широк опсег на штетни воспалителни ефекти во телото “, објаснува Кандучи. „Сепак, глувците кои беа вакцинирани не страдаа од воспалителни ефекти од протеинот, туку напротив, покажаа нормални нивоа на шеќер во крвта и пониски нивоа на инсулин, без разлика на нивната диета“, додава Кандучи.

Високото ниво на шеќер и инсулин се двата најголеми ризик фактори во развојот на дијабет тип два.

Дијабетот тип два е опишан како нова епидемија во САД, каде повеќе од 25 милиони Американци страдаат од него, што ги чини 225 милиони долари годишно. Бројот на заболени расте постојано.

Споредено со состојбата пред десет години дури 33 отсто е зголемен бројот на деца дијагностицирани со таа состојба. Вакцината исто така нуди заштита од срцеви проблеми поврзани со западната диета.

„Сите вакцинирани глувци покажаа многу повисоко ниво на крвен протеин познат како APOE, што исто така го знаеме дека се бори против срцевите и мозочните удари“, вели Кандучи.

Протеините APOE, иако не ги намалува наслагите на крвните садови, спречува масни израстоци од зацврстување и кршење, што е примарна причина за мозочни и срцеви удари.

Повеќе од 800.000 луѓе умираат од срцеви и мозочни удари во САД, а кардио-васкуларните болести се главни виновници за смрт во 30 отсто од случаите во светот.

„Не е за потценување ако кажеме дека вакцината може да биде заштита од некои проблеми предизвикани од нездравата храна. Се надеваме дека наскоро ќе имаме можност да ја испробаме вакцината и кај човек“, вели Кандучи.

Додека истражувањето не заврши, италијанскиот тим порачува колку може повеќе луѓето да се придржуваат до италијанската диета или исхрана која се темели на јадење овошје, зеленчук, маслиново масло и морски плодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП