Претседателот на Светската банка Џим Јонг Кимказа вели дека поради континуираната несигурност по гласањето на Велика Британија за напуштање на ЕУ, светскиот раст може да настрада.
„Ние всушност мислевме дека САД се солидни, еврозоната изгледаше како да се подобрува и дури Јапонија изгледаше како се претставува малку подобро“, рече Ким пред новинарите за време на средбата на министрите за финансии и централните банкари на земјите членки на Г-20.
„„Brexit“ беше голем удар и се уште се обидуваме да сфатиме што точно ефекти ќе има, но се чини светскиот раст повторно ќе биде фрустрирачки“, коментира претседателот на Светската банка.
Уште пред референдумот во Британија, Светската банка ја намали прогнозата за светскиот раст до 2,4% во однос на 2,9%, прогнозирани во јануари.
Пред да се упати кон средбата на Г20, Џим Јонг Ким се состана со премиерот на Кина Ли Кацијан во Пекинг, каде предложи серија структурни промени во здравствениот систем во земјата, преку кои ќе можат да бидат заштедени до 3% од БДП.
Во Пекинг претседателот на Светската банка обрна внимание и на гласното негирање на глобализацијата во Западот. Иако поголемиот обем на трговијата и слободната трговија помогнаа на некои луѓе да се спасат од сиромаштијата, средната класа во богатите земји почувствува пад на приходите, коментира тој.
„Луѓето кои го имаат остварено правото за работа во животот, работеле во фабрики и се заработувале добри приходи, сега се наоѓаат надвор од пазарот на трудот, неспособни да се натпреваруваат за позиции со високата технологија“, рече претседателот на Светската банка . Тој додаде дека владите треба да сторат повеќе за да го подобрат здравството, образованието и вештините на луѓето.
Директорот на ММФ, Кристин Лагард рече дека повеќе работи треба да бидат направени за да бидат распределени порамномерно придобивките од растот и отвореноста на економиите.