1 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАШто може Македонија да научи од Финска, Естонија и од Словенија?

Што може Македонија да научи од Финска, Естонија и од Словенија?

Како е тоа можно три европски земји, кои впрочем немаат население поголемо од половина Германија, да успеат да формираат стабилни економии и љубоморно да го држат врвот на сите европски и светски листи?

Да, погодувате, станува збор за Финска, Естонија и за Словенија, кои како на тацна ни ги нудат одговорите што ние во Македонија со децении не умееме да ги пронајдеме и да ги искористиме за наше добро.

Почнуваме со Финска. Земја која се смета за синоним за стабилност и за просперитет, а нејзиниот успех е во силните инвестиции во образованието, но и во технолошките иновации.

Финска има создадено неверојатно квалитетен образовен систем, кој е целосно бесплатен за сите граѓани.

„Финската економија расте затоа што во земјата имаат развиено систем во кој образованието е врвен приоритет. Инвестираат максимално во знаењето и во науката, а тоа секогаш се исплати. Македонија треба да го следи овој пат ако сака долгорочна стабилност“, коментираат економистите со коишто разговаравме на оваа тема.

Од друга страна, Естонија е земјата која е светски лидер во дигитализацијата.

Естонија успева успешно да ја претвори дигиталната трансформација во државен приоритет, што значително го олеснува животот на граѓаните и ја подобрува деловната клима.

Инаку, ако не сте знаеле, токму Естонија не првата држава во светот во којашто воведе целосно електронско гласање, електронско живеење и работење, но и наједноставна процедура за отворање нови бизниси.

„Естонците очигледно пред сите други држави во светот сфатија дека најскапата валута на 21 век е токму времето. Естонија не сака да губи време со бирократија. А тогаш, гледате, економијата брзо расте“, објаснуваат експертите.

И конечно, Словенија. Иако помала од Македонија, таа постојано ја покажува моќта на флексибилната економија базирана на извоз и мала зависност од увозот на основни производи.

Словенија направи супер инвестирање во индустриски сектор, агро-туризмот и во малите и средните претпријатија.

„Словенија докажува дека малите економии можат да бидат големи играчи ако се концентрираат на сопствените сили и квалитети.

Македонија мора да се охрабри да извезува повеќе готови производи, наместо суровини“, сметаат експертите.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар