1 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрозданов: Предлог стратегијата на МАНУ за минерални суровини наместо визија за иднината,...

Грозданов: Предлог стратегијата на МАНУ за минерални суровини наместо визија за иднината, создава конфузија

Наместо визија водена од научна прецизност и индустриска реалност, се добива впечаток за документ што повеќе создава дилеми отколку што нуди одговори, вака ја цени металуршкиот инженер и колумнист, Виктор Грозданов предлог стратегијата за минерални суровини за периодот 2024 – 2025 година подготвена од МАНУ.

„Мене лично ме интересираат како дипломиран инженер за екстрактивна металургија нормално металични суровини пред се во овој момент прогласен за критичен и економски најисплатлив елемент за наши услови Бакарот, а тоа го потенцираше Европската Унија. Но, за жал во оваа финална верзија на стратегијата објаснето е само дека на одредени места кои не се прецизирани колку тони руда на Бакар постојат. Без притоа да се дообјасни што би значело ако Македонија пројави интерес да врши директна екстракција на рудата до метал и негово понатамошно обработување што би значело организирање на металургиски комплекс Топилница. Ова најмалку од се е случајно. Во науката случајности никогаш немало“, пишува Грозданов во колумната насловена „Науката наспроти лаги“.

Грозданов вели дека се почесто се соочува со впечатокот дека највисоките државни органи не располагаа со целосни и прецизни информации кога станува збор за рударскиот сектор. Наместо да се водат од експертски утврдени факти, изгледа дека се движеа низ густо ткаено мрежиште од конфузни, селективно презентирани или нецелосни податоци и во тоа улога имаат токму институции кои треба да дадат информации за кроење на стратегии со кои ќе се помогне економскиот развој на државата, а не таа да се држи во стагнација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар