6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЛиковната колонија „Дрен“ по деветти пат во Прилеп

Ликовната колонија „Дрен“ по деветти пат во Прилеп

дреноо

Центарот за култура „Марко Цепенков“, од Прилеп по деветти пат е организатор на ликовната колонија Дрен која се одржува во рамките на Прилепското културно лето.

Петнаесет уметници од Прилеп, Македонија од Србија и од Русија неуморно творат во дворот и во ликовното ателје на Центарот. Создаваат креативни дела во повеќе уметности. Уметниците ( Мирна Арсовска, Верче Николоска, Билјана Бинчев, Јошкин Шилјан, Мирослав Живковиќ, Снежана Манасиќ, Јелена Фрида Стошиќ, Марија Алексиќ, Рада Тихановскаја, Јасмина Рунеска, Ангел Миов, Силвија Шосева, Емил Солески, Марјан Стојаноски,)….. творат , се дружат и разменуваат мислења. Сите се воодушевени од колонијата.

„Пријатно се чувствувам. Имав доста енергија за работа која минуваше низ моето тело. Создадов слики преку кои го пренесов небото, убавината“, вели Јошкин Шилјан од Ниш, Србија.

„Во Македонија сум прв пат. Прилеп е многу убав град со гостопримливи луѓе. Колонијата е одлична. Воодушевена сум од манастирите, планиниите, облаците, кои силно ме вдахноваа и насликав дела со многу силни чувства“, вели Рада Тихановскаја од Русија.

„Пета или шеста колонија ми е во Македонија. Убаво се чувствувам во земјата, а Прилеп ме воодушеви. Многу интересен град е за создавање. Она што ме инспирира е планината Маркови кули. Никаде не сум видела ваков пејзаж“,- вели Снежана Манасиќ од Панчево.

Колонијата има мултимедијален карактер. Се работат и инсталации, скулптури, односно нови форми на уметничко изразување.

„Решивме да го промениме концептот. Од класично сликарска колонија да стане мултимедијална. Мислам дека успеавме во тоа“, вели Тони Чатлески, директор на ЦК „Марко Цепенков“.

Затворањето на колонијата е со изложба на новосоздадените дела што ќе биде отворена утревечер, во сабота, во 20 часот во изложбениот салон на ЦК,,Марко Цепенков,, во Прилеп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП