24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГлобалната трговија забавува повеќе од очекувањата

Глобалната трговија забавува повеќе од очекувањата

glo trgovija

Одложувањето во светската трговија е многу полошо од тоа што беше предвидено, а обемот на глобалната трговија остана без промена во последните 18 месеци во услови на бранот протекционизам, покажува новиот извештај, цитиран од Financial Times.

Анализата илустрира зошто голем број на бизнис лидери се загрижени за трговијата и светската економија, додека политичарите како кандидатот на конзервативците за претседател на САД Доналд Трамп се креваат против „глобалното“ и ветуваат да подигнат нови бариери против трговијата.

Политичарите и економистите се повеќе се загрижени за забавувањето на растот на глобалната трговија. Според последниот извештај на „Global Trade Alert“ која го следи протекционизмот во светот, овој раст исчезнал, а обемот на стоки со кои се тргува во светот, е во застој од јануари 2015-та година.

Сличен подолг период на нулта раст се јавува ретко во историјата на економијата, вели Симон Евет, професор по меѓународна трговија и економски развој на швајцарскиот универзитет „University of St Gallen“.

Извештајот се базира на податоци собрани од Холандското биро за анализа на економската политика кое објави месечен извештај за обемот на глобалната трговија. Неговите последни податоци за април оваа година, покажуваат дека како обемот, така и увозот на глобално ниво останува под нивото од јануари 2015-та година и предвиде слабо движење во периодот.

glo trgovija1

Економистите остануваат поделени за причините за доцнењето. Иако некои обвинуваат за протекционизам, кој започнува да ја запира светската економија, додека други гледаат активирање на долгорочни трендови, на пример скратување на глобалните синџири за снабдување и зголемување на улогата на дигиталната трговија.

Органите како Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската трговска организација (СТО) обрнуваат повеќе внимание на протекционизмот. Пред средбата на трговските министри од Г20 минатата недела, СТО предупреди дека со постојано брзо темпо се воведуваат протекционистички мерки, а ММФ изрази растечките стравувања за протекционизмот кој се гледа како нова закана за глобалната економија.

По средбата минатиот викенд министрите од Г20 излегоа со изјава со која повикаа да се избегнуваат иницијативи кои водат до протекционизам.

Ова сепак се противи на голем дел од политичката дебата во земји како САД на пример, каде Трамп ветува да ги прекине трговските трансакции меѓу САД и неколку земји, вклучувајќи ја ги Кина и Мексико.

Според Евет бројот на дискриминативните мерки, на пример правила за локална содржина и субвенции за домашната индустрија, воведени од владите, се зголеми за 50% во 2015-та година во однос на претходната година, покажува базата на податоци на „Global Trade Alert“. Земјите од Г20 придонесуваат со 81% за овие мерки.

Стравот е дека ваквите потези може да продолжат додека глобалната трговија забавува, а владите се обидуваат да го заштитат својот удел, вели Евет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП