27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСодерберг ќе го продуцира филмот за аферата „Панамски документи“

Содерберг ќе го продуцира филмот за аферата „Панамски документи“

soderberg33

Американскиот режисер, продуцент и сценарист Стивен Содерберг ќе го продуцира филмот за аферата „Panama Papers“ во која беа разоткриени државници, политичари, славни личности, но и криминалци кои ги користат офшор компаниите за да ги легализираат нелегално стекнатите пари и да ги сокријат од оданочување.

Предлошка за филмот ќе биде книгата „Secrecy World“, на добитникот на престижната американска Пулицерова награда за публицистика и новинарство, Џејк Бернстејн. Бернстејн беше еден од новинарите на Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ICIJ) кои ја разоткрија аферата, и најави дека во својата книга ќе објави досега непознати поединости.

Аферата „Panama Papers“ содржеше 11,5 милиони документи кои протекоа преку германски новинари од адвокатската компанија „Mossack Fonseca“ сместена на Панама, а некои американски аналитичари дури сметаат дека таа е отворена или подметната од руските тајни служби.

Во овие документи се споменуваат дванаесет актуелни и поранешни светски политички челници, 128 политичари и јавни службеници, милијардери, славни личности, спортски ѕвезди. Податоците се однесуваат на период од речиси 40 години наназад, од 1977 до 2015 година а вклучуваат и 214.000 офшор правни субјекти.

Стивен Содерберг во 2000 година го доби Оскарот за режија за филмот „Traffic“, во 1989 година во Кан ја освои Златната палма за „Секс, лаги и видеоленти“. Негови се хитовите „Ерин Брокович“ и „Единаесеттемина на Оушн“ со двете негови продолженија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП