3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо светот се јаде риба како никогаш претходно

Во светот се јаде риба како никогаш претходно

ribolov 335

Консумирањето на риба во светот достигнало рекордно ниво од 20 килограми по глава на жител, објави Агенцијата за храна и земјоделие (FAO) на Обединетите нации.

Според извештајот на FAO, зголеменото консумирање риба е резултат на подобрувањето во аквакултурата и намалување на отпадите кои се фрлаат во светските мориња.

Се истакнува, исто така, дека првпат откако се спроведуваат ваквите истражувања, се покажува дека се јаде повеќе одгледувана риба, отколку дива. Сепак, авторите на студијата предупредуваат дека сегашното ниво на лов е неодржливо.

Главниот придвижувач на глобалната консумација на рибата е зголемувањето на аквакултурата, изјави директорот на одделот за рибарство при FAO, Мануел Баранж.

Во шеесеттите години од минатиот век просечно жител на планетата јадел годишно по 9,9 килограми риба, а во 1990-те по 14,4 килограми.

Втората причина за тоа е што повеќе производи од риба се користат за исхрана, наместо да се претвора во храна за животните.

„Во шеесетте години сме јаделе 67 отсто, а денес околу 87 отсто од уловената риба“, вели Баранж.

FAО сепак предупредува дека она што се случува под површината на морињата воопшто не се поправа. „Биолошкиот одржлив удел на ловот на рибата паднал од 90 отсто во 1974 година, на 68,4 отсто во 2013 година. Значи 31,4 отсто од рибите се ловени на биолошки неодржлив начин“, се предупредува во извештајот.

Се нагалсува дека одржливиот риболов аквакултурата се клучни, бидејќи се важни за вработувањата и трговијата.

„Околу 57 милиони луѓе живеат исклучително од ловот, од тоа 80 отсто во Азија. Околу 12 отсто од светската популација заработува за леб во риболовната индустрија, а повеќето во земјите во развој“, се додава.

Вкупната трговија со риба во 1976 година изнесувала 80 милијарди, а во 2014 година достигнала 148 милијарди американски долари.

„Од тоа 80 милијарди долари директно придонесува за финансиите во земјите во развој“, додава Баранж според кој глобалната трговија со риба е повредна од трговиите со месо, тутун, ориз и шеќер заедно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП