21 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНе спиете доволно речиси секој ден: Вака ќе изгледате за 20 години...

Не спиете доволно речиси секој ден: Вака ќе изгледате за 20 години (видео)

115920_neispavanost_650x380

Без доволно сон нема добар изглед. Тоа им е јасно на сите, но сепак повторно голем број на луѓе никако да го решат тој заеднички проблем – недоволното спиење.

Краткотрајните последици од недостатокот на сон брзо се чувствуваат, се појавува нервоза, безволност, замор и сл. Меѓутоа, недостатокот на сон има и долгорочни негативни ефекти, од кои еден е јасно видлив, прераното стареење.

Зошто недоволното спиење предизвикува забрзано стареење? Кога не спиеме доволно, се лачи во поголемо количество на хормонот на стрес, кортизол, кој го уништува колагенот во кожата.

Се намалува и лачењето на хормонот на раст, кој е неопходен за раст и развој на клетките. Поради тој недостаток кожата со тек на време станува потенка и чувствителна на негативните фактори од надворешната средина.

Професионалните шминкери ги претставија овие последици. Група млади лица имаа прилика да видат како ќе изгледаат за 20 години доколку продолжат со лошата навика – непреспиените ноќи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП