15 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕУрнат уште еден мит - тестенините не дебелеат

Урнат уште еден мит – тестенините не дебелеат

97438249577b696860dea410570063_v4 big

Ретко се наоѓа некој продукт што толку се демонизира во разни диети како што е тестенината, но ново истражување покажува дека во вистински околности таа воопшто не дебелее.

Имено, тестото може да помогне во одржувањето на здрава тежина, утврдиле италијанските научници во студијата во која учествувале повеќе од 20 илјади испитаници.

Последните години се случува вистинска револуција кога станува збор за храната. Традиционалните „нездрави продукти“, путерот, солта, јајцата, сѐ повеќе „се вадат“ во новите истражувања. Според резултатите на едно истражување, научниците велат дека нема потреба да ја избегнуваме и тестенината.

Истражувачите од институтот Неуромед во студијата објавена во магазинот Nutrition&Diabetes појаснија дека тестенината, но само ако е дел од здравата медитеранска исхрана, може дури и да помогне во губењето на килограмите.

„Популарно мислење дека тестенината не е добра ако сакате да ослабете и некои луѓе не ја сакаат“, вели Лициа Иаковиело, една од научничките.

Таа додаде дека тестетнината е основна состојка на медитеранската традиција и нема никаква причина да се избегнува.

Во истражувањето биле вклучени нешто повеќе од 14 илјади луѓе од молишкиот регион и нешто помалку од девет илјади од другите делови на Италија.

Учесниците биле детално испрашани што јадат, кога и каде јадат и во колкави количини. Биле земени предвид и големината на порциите, висината, тежината, опсегот на половината и колковите на испитаниците.

И не само што студијата не покажала никаква врска меѓу тестенината и нездравата тежина, туку токму спротивно, тестенината повеќе ја јаделе оние послабите.

„Умерено конзумирање на тестенина во рамки на медитеранскиот начин на прехрана е добро за здравјето. Тоа е порака што произлегува од нашата студија“, рече Иаковиело.

Медитеранската исхрана ја сочинува храна богата со сложени јагленохидрати и влакна, како житарки, сирење, маслиново масло, домати, лук и риба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП