12 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАОткријте го Дојран преку модни фотографии

Откријте го Дојран преку модни фотографии

dojran

Во сабота, со почеток во 11 часот, ќе биде отворена изложбата „Дојран ресорт“ составена од големи паноа со модни фотографии поставени на шеталиштето долж Дојранското Езеро.

На дневна забава од отворен карактер ќе бидат презентирани фотографии направени на повеќе значајни локации и историски објекти низ градот, преку кои сите оние кои го посетуваат Дојран ќе можат да се запознаат со неговите убавини на еден поинаков начин.

„Облекувајќи се во ново руво, но и преку реставрирање на историските обележја, Дојран се повеќе ја враќа старата традиција на посетеност, привлекување на домашни и туристи од странство кои годинава навистина ги има во голем број. Преку изложбата посетителите ќе се информираат и анимираат со интересни факти за годините и етапите низ кои минувал Дојран“, вели за проектот градоначалникот на Општина Дојран, Борче Стамов.

Подготовките за „Дојран ресорт“ траеа неколку недели, а зад објективот на фотографскиот двоец „Ани и Дими“, застанаа манекенките од модната агенција „Подиум“ : Ивана Гелева, Александра Наумова и Симона Ангелoвска кои ги носат креациите и асесоарите на „MCouture by Mila Kadriu“, Јована Филиповиќ, Ирина Тошева, Олгица Ѓоргиева, Викторија Арсовска, „Emili Exclusive Design“, „EM Fashion Design“, „Farina’s handmade“ и „SOFIJAFILIGRANSKA“.

За шминката и фризурата на моделите се погрижи Јована Коциќ од „Dream In Kohlor“.

Графичкиот дизајн на проектот „Дојран ресорт“ го потпишува Дејан Зафировски.

Изложбата која ќе може да се види во текот на целата туристичка сезона е во организација на Општина Дојран и продукција на Моден викенд Скопје.

Дојран кој годинава е прогласен за град на културата, во текот на летово ќе понуди широк спектар на околу 100 културни содржини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП