28 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНобеловецот за вештачката интелигенција: Луѓето сеуште не сфатиле што следи

Нобеловецот за вештачката интелигенција: Луѓето сеуште не сфатиле што следи

Нобеловецот Џефри Хинтон повторно предупреди за ризиците од брзиот развој на вештачката интелигенција.

Нобеловецот по физика и пионер во областа на вештачката интелигенција (AI) Џефри Хинтон верува дека вештачката интелигенција ќе го трансформира образованието и медицината и потенцијално ќе го реши проблемот со климатските промени, но е сè повеќе загрижен за нејзиниот брз развој.

Хинтон, кој доби Нобелова награда за својата пионерска работа во истражувањето на вештачките невронски мрежи и чиј концепт од 1986 година е основа на денешните јазични модели, проценува дека постои ризик од 10 до 20 проценти вештачката интелигенција на крајот да ја преземе контролата од луѓето, објавува CBS News.

Тој предупреди дека луѓето сè уште не сфатиле што следи.

Најдобриот начин да го разбереме ова е да се споредиме со некој што има преслатко тигaрче. Освен ако не сте апсолутно сигурни дека ќе сака да ве убие кога ќе порасне, треба да бидете загрижени, рече тој.

Според Хинтон, компаниите за вештачка интелигенција треба да издвојат значително повеќе средства за безбедносни истражувања отколку што моментално трошат.

Во мај 2023 година, Хинтон ја објави својата оставка од Google за да може слободно да зборува за ризиците од вештачката интелигенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП