28 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЗагина Антон Јелчин, ѕвездата на филмовите „Ѕвездени патеки“

Загина Антон Јелчин, ѕвездата на филмовите „Ѕвездени патеки“

anton

Дваесет и седумгодишниот Антон Јелчин, актер во подем, најпознат по улогата на Павел Чехов од продолжението на „Star Trek“, загина во бизарна сообраќајна несреќа, соопштија полицијата и неговиот публицист.

Според полициските извештаи Јеличиќ, бил удрен од неговиот автомобил, во Сан Фернандино, еден час по полноќ, кој наводно бил изваден од брзина. При слободното движење, добил забрзување и го приклештил младиот актер. Од здобиените повреди Јеличиќ починал на лице место.

Актерот требало да се најде со пријателите, а откако не дошол на средбата, тие дошле кај него и пред куќата го пронашле мртов.

Јеличиќ холивудската кариера ја почна како дете со мали улоги во независни филмови и телевизиски емисии, пред да се појави во филмовите како крими-трилерот „Алфа дог“, и тинејџерската комедија „Чарли Бартлет“. Неговата најголема улога до сега беше Павел Чехов, во продолжението на „Ѕвездени патеки“.

Јелчин е единец, роден во Русија, а родителите му биле професинални лизгачи, кои од Русија се преселиле во САД. Неговиот публицист, Џенифер Ален, потврди дека актерот починал и дека семејството бара приватност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП