Европската централна банка (ECB) јавно ќе се ангажира за заштита на финансиските пазари заедно со Банката на Англија (BOA), ако Британија гласа за напуштање на Европската унија, изјавија запознаени извори за „Ројтерс“.
Подготовките илустрираат висок степен на тревога пред референдумот на 23-ти јуни, кој ќе одлучи за иднината на земјата во трговијата и светските дела. Фунтата и еврото поевтинија сериозно поради загриженоста дека „Brexit“ може да го „потопи“ 28-члениот блок во рецесија.
Такво известување од ЕЦБ ќе биде направено на 24-ти јуни, ако резултатите рано наутро покажат дека британските гласачи се одлучија да ја напуштат ЕУ, покажуваат изворите. Целта е да се зајакне довербата на инвеститорите во Европа и да се спречи дополнително приспособување на пазарот.
„Ќе има изјава дека ќе се направи се што е потребно за да се одржи соодветна пазарна ликвидност“, вели висок претставик на централната банка, кој побарал анонимност.
Ветувањето на ЕЦБ ќе вклучува отворање на т.н. „трампа линии“ со Банката на Англија, што ќе овозможи размена на еврото и фунтата и ефикасно ќе обезбеди неограничено финансирање на двете валути за европските банки, велат изворите.
ЕЦБ и Банката на Англија одбиваат да дадат коментар на оваа тема.
Банката на Англија изјави минатиот месец дека е можна „засилена несигурност“ поради гласањето и ќе им отежни на банките при користење на нивните вообичаени извори на девизи. Таа додаде дека ќе ги преиспита своите операции, вклучувајќи ги и „трампа линиите“.
ЕЦБ користи слични механизми со Федералните резерви на САД, отклучувајќи дополнителни долари за време на финансиската криза и по нападите од 11-ти септември.
Обезбедувањето на дополнителни средства на банките по гласањето во врска со „Brexit“ ќе се олесни притисокот врз нив и ќе го намали потенцијалот за паника, додека финансиските пазари ќе се осврнат на резултатот на 24-ти јуни, петок, непосредно пред крајот на сесијата за седмицата.
ЕЦБ е ограничена во своите активности во ослободувањето на средства за банките. Проширување на нејзината програма за печатење на пари, која веќе влева над 1 илјада милијарди евра во пазарите и постепено ги исцрпува дозволените за купување обврзници и хартии од вредност, најверојатно, ќе биде оспорена од некои земји, како Германија.
Ваквиот потег може да биде обмислен, само ако поради „Brexit“ пазарниот колапс натежне врз регионалната економија во долг рок.
Во деновите околу референдумот – за кој се смета дека е доста долг, гувернерите на европските централни банки ќе одржат неколку состаноци, како што некои од нив се планирани независно од гласовите. Овие состаноци може да се покажат како можност за прилагодување на нивниот одговор.
Гувернерот на Банката на Англија, Марк Карни треба да се сретне со претседателот на ЕЦБ, Марио Драги и европските колеги во Франкфурт на 23-ти јуни, кога се спроведува референдумот.
Гувернери од 19-те земји членки на еврозоната имаат планиран состанок за следниот ден, за да го дефинираат својот одговор на резултатите од референдумот, велат двајца извори. Потоа ќе бидат дадени изјави за медиумите.
Во текот на викендот по гласањето, претседателите на централните банки од целиот свет ќе се соберат во Швајцарија за годишната средба на Банката за меѓународни порамнувања.
Банката на Англија веќе се обидува да спречи недостаток на ликвидност пред гласањето, обезбедувајќи инекции со евтино финансирање за банките пред референдумот. Првата од двете такви инекции беше лансирана во вторникот, овозможувајќи им на банките да побараат 2,5 милијарди фунти за период од шест месеци.