2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕИзбркајте ја несоницата: Мелем за табани

Избркајте ја несоницата: Мелем за табани

77036_profimedia0180762347_630x0

Сите знаеме колку маки носи несоницата и колку таа може да ни го загорчи животот. Затоа експертите создадоа мелем со чија помош лесно ќе потонете во сон. Сјајно е и тоа што можете сами да го направите.

Потребни ви се шолја кокосово масло, шолја маслиново масло, четири лажици мед и една мешавина од иста количина на есенцијално масло од лаванда, портокал, кедар, пеперминт и цимет. Во сад ставете кокосово и маслиново масло и мед и ставете го на оган додека не се растопи и соеднини. Потоа сите есенцијални масла изблендирајте ги за да добиете совршена арома. Ќе биде одлично ако ставите од секој вид на масло по 50 капки. Потоа измешјте ги во смесата со кокосово масло. На крајот мелемот пресипете го во чиста тегла, оставете го да се олади на собрна температура и затворете.

По потреба со маслото пред спиење намачкајте ги стапалата, па облечете чорапи. Преку широките пори на табаните есенцијалните масла ќе навлезат во вашиот организам и така ќе се опуштите и многу полесно ќе заспиете.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП