13 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗошто да изберете цреши?

Зошто да изберете цреши?

Most-Beautiful-Cherry-Wallpaper

Црешите веќе се на пазарите и со својата прекрасна црвена боја не мамат да ги купиме. Покрај одличниот освежувачки вкус, постојат уште многу причини зошто треба да ги консумирате – еве зошто….

– Богати се со природен шеќер и го зголемуваат нивото на енергија во организмот, но и расположението. Затоа ако сте депресивни, уморни, наместо чоколадо, земете цреши.

– Ако имате проблеми со сонот, црешите можат да бидат одлично решение бидејќи се богати со мелатонин. Така, наместо несоницата да ја лекувате со апчиња, земете си цреши.

– Влијаат на здравјето на очите, односно на добриот вид, но и на кожата бидејќи содржат 20 пати повеќе витамин А отколку јагодите и боровинките.

– Богати се со антиоксиданти, па го забавуваат стареењето, го намалуваат нивото на холестетол и го подобруваат системот за варење.

– По физичките активности, консумацијата на ова овошје спречува грчење на мускулите, а помага и при менструални болки.

– Црешите се храна за мозокот бидејќи ги поттикнуваат менталните функции, па грицкајте цреши кога ќе почувствувате дека ви опаднала концентрацијата и меморијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП