29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДраги: Европа ќе плати висока цена поради недостатокот на реформи

Драги: Европа ќе плати висока цена поради недостатокот на реформи

mario dragi 333

Претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги повтори повикот до владите за зајакнување на реформите и обезбедување на иднината на монетарната унија, со образложение дека не се спроведува начинот во однос на реформите и недокрај спроведувањето на идејата, па така монетарна унија може да ја доведат до долготрајни економски штети.

Во своето обраќање пред во Брисел, Драги изјави дека невидените мерки на ЕЦБ за стимулирање на економијата се соочува со голем број на амортизери, кои го блокираат прелевањето на монетарната политика во реалната економија, која наскоро може да падне во демографска стапица.

Се очекува постарото население на континентот да почне да го собира потенцијалот на регионот за раст поради намалувањето на учеството на луѓето на пазарот на трудот во следните децении.

Признавајќи го ова, претседателот на ЕЦБ додаде дека постои „значителна слобода на дејствување“, за да се произведе повеќе раст преку намалување на долгорочната невработеност и зголемување на нивото на учество на пазарот на трудот. Владите исто така треба да преземат мерки за подобрување на продуктивноста на работната сила, изјави Гувернерот на ЕЦБ.

„Има многу разбирливи политички причини за одложувањето на структурните реформи, но има и неколку добри економски причини. Цената на доцнењето едноставно ќе биде премногу висока“, предупреди тој.

„Еврозоната се соочува со двоен предизвик – да поведе фирми од секој сектор до границата на продуктивноста, како и да обезбеди повеќе работна сила и капитал до овие производствени компании. И е од критична важност, бидејќи тоа не само што ќе го зголеми производството, но и вработувањето и еднаквоста на платите, бидејќи работната рака ќе се концентрира во компании кои се шират и бараат високи нивоа на вештини“, рече Драги.

Претседателот на ЕЦБ изјави дека европските лидери треба да станат поотворени кон трговијата, така што ќе им овозможат на компаниите да профитираат од глобалните ланци на снабдување за да произведуваат стоки со највисока вредност. Најбрзата и најмоќна победа за политичарите во Брисел, според Драги би било завршувањето на единствениот пазар за услуги.

Друга област за акција треба да биде образованието. „На крајот инвестирањето во човечкиот капитал е клучната состојка при создавањето на силен и пошироко раст. Со текот на времето слични инвестиции ќе и помогнат на еврозоната не само да се доближи до границата на продуктивноста, но и да ја помине“, рече тој.

Гувернерот вели уште дека рестриктивната фискална политика, високите нивоа на лошите банкарски кредити и стравувањата за институционалната стабилност на еврозоната се компензира со ефектите за стимулирање на економијата преку негативни каматни стапки и масовно купување на обврзници.

ЕЦБ ги намали каматните стапки на рекордно ниско ниво и започна невидено купувања на обврзници во вредност од 80 милијарди евра месечно, во обид да се поттикне растот и инфлацијата во 19-члениот монетарен блок.

Оваа политика сепак си навлече критики од страна на високи банкари и економисти, вклучувајќи го и главниот економист на „Deutsche Bank“, кој ја обвини институцијата дека се заканува на целиот проект на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП