26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУправата на Ливерпул несака Роџерс да се расфрла со пари

Управата на Ливерпул несака Роџерс да се расфрла со пари

rodgers_1027281i

Ливерпул очајнички се обидува да го зајакне тимот во летниот преоден период, па така менаџерот на „црвените“ Брендан Роџерс веќе ја составил листа на засилувања. Едно од имињата за кои стратегот инсистира е голманот на Свонси Ешли Вилијамс, со кого тој имал шанса да работи во минатото. Меѓутоа, неговата цена би можела да претставува проблем. Свонси бараат 12 милиони фунти за 28-годишниот репрезентативец на Велс, што за првите луѓе на Ливерпул е премногу пари.

Американските сопственици на Фенвеј Спорт веруваат дека 12 милиони фунти за играч на 28 години е премногу скапо и тие се обидуваат да го убедат Роџерс дека Вилијамс не е вреден толку и дека 12 милиони фунти би ги вложиле во некој помлад дефанзивец.

Ливерпул покажа интерес за младиот белгиски дефанзивец од Ајакс, Тоби Алдервајерлд, како и за капитенот на Феенорд, 21-годишниот Стефан Де Вриј.

Како и да е, Ливерпул бара засилување особено во последната линија од тимот. Џејми Карагер ја завршува својата кариера на крајот од сезоната, Мартин Шкртел исто така е на излезната врата, а Себастијан Коатес не покажа доволно квалитет за стартните 11 во тимот од „Енфилд“. Исто така, се уште има опција и Даниел Агер да ги напушти „црвените“ поради тоа што го посакува Барселона, па така одбраната на Ливерпул би можела да претрпи комплетна реконструкција во текот на летото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП