26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРајн Некар го потврди трансферот на Дејан Манасков

Рајн Некар го потврди трансферот на Дејан Манасков

манасков-

Лидерот во германската Бундеслига и веројатно новиот ракометен шампион на Германија, Рајн Некар Левен, на својата официјална интернет страница www.rhein-neckar-loewen.de, го потврди трансферот на македонскиот репрезентативец Дејан Манасков.

Дејан Манасков, на почетокот на сезоната токму од Бундеслигата од Вецлар пристигна во Вардар, но не успеа да се избори за поголема минутажа во тимот. Најчесто настапуваше во натпреварите од СЕХА лигата, додека во Лигата на шампионите на позиција лево крило најчесто играше Тимур Дибиров.

Македонскиот репрезентативец во својата кратка авантура во Вецлар остави извонреден впечаток, поради што и челниците на Рајн Некар решија да го ангажираат.

Покрај Манасков, на левата крилна позиција Рајн Некар Левен го ангажираа и исландскиот ветеран Гудјон Валур Сигурдсон, овие двајца доаѓаат на местата на Уве Генсхајмер и Стефан Сугурмансон кои ќе го го напуштат клубот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП