10 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПојадокот е преценет, јадете ако ви се јаде, а не затоа што...

Појадокот е преценет, јадете ако ви се јаде, а не затоа што треба

pojadok111

Со децении се сметаше дека појадокот е најважниот оброк во денот и дека е неопходен за да почне метаболизмот наутро. Сепак, новите студии покажуваат дека не постои универзално правило кое би се применило на сите луѓе и дека сите сме единствени.

„Нашите верувања во моќта на доручекот се засновани на погрешно интерпретирани истражувања и пристрасни студии“, вели Арон Е.Карол, професор по педијатрија на Универзитетот во Индијана.

Во колумна за The New York Times пишува: „Жал ми е, ама нема ништо магично во врска со појадокот. Тој нема никаква мистична моќ, ниту каква и да е значајна улога и секој треба да појадува само ако е гладен, а не затоа што „така треба“.

Физијатарката со диплома на нутриционист од универзитетот во колумбија, д-р Џенифер Ештон, вели дека доручкувањето непосредно по будењето не е универзален начин на кој сите луѓе би требало да се хранат.

„Овој концепт дека вашето тело е гладно веднаш по будењето затоа што цела ноќ сте постеле, е потполн мит. Од медицински апсект мораме да сфатиме дека телото не влегува во состојба на гладување додека не се гладува повеќе од 36 часа или повеќе. Вашиот црн дроб секогаш го снабдува вашиот крвоток со глукоза“, вели Ештон.

Истакнува дека таа лично преферира доручек, но тоа најчесто се јајца со тост, грчки јогурт со чиа семки или домашно смути.

Сличен совет им дава и на своите пациенти.

„Секогаш им велам да доручкуваат доколку им одговара и доколку нивниот организам така се чувствува подобро. Но, доручекот сам по себе затоа што „така треба“ нема никаква научна основа“, вели Ештон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП