22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСекој од Г7 тргнува по свој пат по веројатен судир на фискалната...

Секој од Г7 тргнува по свој пат по веројатен судир на фискалната политика

g7 sami 33

Расцепот по фискалната и монетарната политика за време на средбата на министрите за финансии на Г7 во Јапонија се покажува премногу можен. Токму тоа може да ги натера земјите да договорат самостоен одговор за решавање на ризиците кои го спречуваат глобалниот економски раст.

Откако долгогодишното агресивно печатење на пари ги прошири границите на монетарната политика, се набљудуваат се поголеми поделби во единствениот политички одговор на Г7 кон анемичната инфлација и слабиот раст.

За време на неофицијалниот симпозиум пред официјалната средба на Г7 во петокот финансиските лидери бараат совети и од познати академици, вклучувајќи го економистот и Нобелов лауреат Роберт Шилер, за можностите за зајакнување на растот.

Учесниците во симпозиумот се согласуваат дека наместо да се потпираат на краткорочни фискални стимуланси или монетарна политика, структурните реформи во комбинација со соодветни инвестиции се одлуките потребни за постигнување на одржлив раст, вели извор од Г7.

Ако ова е вистина, може да бидат пресечени надежите на Јапонија за постигнување договор врз потребата од координирани фискални активности во поддршка на глобалната побарувачка.

Германија не покажува знаци да се согласува со повиците на Јапонија и САД за промовирање фискалните стимулации, наместо тоа предупредува за опасностите од прекумерното парично разлабавување.

„Финансиските пазари се многу „нервозни“ заради огромниот државен долг и прекумерната ликвидност во целиот свет“, изјави германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.

Претставниците на Г7 сепак сигнализираат дека нема да се противат, ако Јапонија повика на посилни активности со користење на парични, фискални и структурни реформи, прилагодена на индивидуалните потреби на секоја земја.

Тоа значи дека финансиските лидери на Г7, иако изтормозени поради ризиците пред изгледите, може да не успеат да договорат конкретни чекори за промовирање на стагнирање на глобалниот раст.

„Очекувам да има отворена размена на мислења за тоа како да се постигне ценовна стабилност и раст, користејќи монетарната, фискална и структурна политики кои се рефлектираат на потребите на секоја земја“, изјави Гувернерот на јапонската централна банка Харуико Курода.

Ризикот од британското гласање во поддршка на излегување од Европската унија на референдумот во јуни ќе биде една од главните теми во програмата на Г7 во глобалната економија.

„„Brexit“ може краткорочно да доведе до турбуленции на финансиските пазари“, изјави извор од Г7.

Во вториот ден на разговорите, во саботата, финансиските лидери на групата ќе разговараат и потребата од промовирање на сајбер безбедноста.

Иако политичарите одамна зборуваат за потребата од зајакнување на сајбер безбедноста, бидејќи финансиските трансакции стануваат глобални, лидерите на Г7 веќе се повеќе сфаќаат дека треба да се преземат итни мерки, велат запознаени извори.

Сајберкражбата која удри на сметката на централната банка на Бангладеш во февруари ја натера „SWIFT“, глобалната финансиска мрежа користена од банките за трансфери на милијарди долари секој ден, да предупреди дека знае за голем број сајберинциденти кај кои напаѓачите испратиле лажни пораки во нејзиниот систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП