21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАFitch: Брекзит може негативно да влијае на рејтинзите на другите членки

Fitch: Брекзит може негативно да влијае на рејтинзите на другите членки

edno-evro

Излегувањето на Велика Британија од Европската унија (ткн Брекзит) би извршило притисок врз економиите на другите членки на ЕУ и би ги засилило политичките ризици во Европа, со што би можело да влијае негативно врз нивните кредитни рејтинзи, предупреди во понеделникот агенцијата Fitch.

Британските граѓани на 23-ти јуни на референдум ќе се изјаснуваат за останување или излегување на Обединетото Кралство во Европската унија.

Ви Fitch напомнуваат дека економијата на ЕУ би била помалку погодена од британската со излегувањето отколку онаа на Велика Британија, но влијанието сепак би било „чувствително“.

„Проценуваме дека не би преземеле негативи чекори по прашањето на рејтинзите на другите земји на ЕУ, веднаш по излегувањето на Велика Британија. Меѓутоа, шансите за негативни потези по пораснале во среднорочна перспектива доколку има поизразен влијаени врз економијата, односно во случај на остварувањето на значителните политички ризици“, толкуваат во агенцијата за одредување кредитни рејтинзи.

Предвидуваат дека извозот од ЕУ во Британија би се намалил, при што димензиите на тоа намалување би зависеле од „карактерот на трговскиот договор меѓу ЕУ и Велика Британија и од степенот и траењето на падот на вредноста на британската фунта“. Трендот би бил најизразен во Ирска, Малта, Белгија, Холандија, Луксембург и Кипар чиј извоз на стоки и услуги во Британија надминува 8 отсто од бруто домашниот производ (БДП).

Земјите од ЕУ, воедно, би можеле да имаат полза од преземањето на делот од странските вложувања кои инаку се слеваа во Велика Британија. Од друга страна, земјите како Луксембург, Малта, Белгија и Германија, поради значителните вложувања обемните финансиски капитали во Британија, ќе забележат загуби во вредноста на тој капитал во евра доколку дојде до траен пад на вредноста на фунтата. Од Fitch потсетуваат дека банкарските сектори во Ирска, Малта, Луксембург, Шпанија, Франција и Германија, се тесно поврзани со оние во Велика Британија.

Од агенцијата предупредуваат и дека и другите земји членки на ЕУ би морале да ги зголемат уплатите во заедничкиот буџет на Унијата, за да го надоместат изостанувањето на британскиот удел кој во 2014 година по, попуштањето во однос на Лондон, нето изнесуваше 1,7 милијарди евра.

Потсетуваат, исто така, дека британското излегување од ЕУ би претставувал преседан кој би можел да ја поттикне популарноста на популистичките и партиите коишто се противат на ЕУ. Во крајна линија, исто така, би можела да ја зајакне ненаклонетоста на политичките лидери во спроведувањето на непопуларните мерки кои на долг рок би требало да донесат полза на економиите.

Укажуваат и на можните промени на тежиштата во ЕУ кон клучните членки на еврозоната, предвидувајќи истовремено дека зоната на примена на заедничката валута би можела да стане посиромашна, помалку економски либерална, и со поизразени протекционистички тенденции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП