22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГлобалната продажба на алкохол бележи прв пад од 2001-ва година

Глобалната продажба на алкохол бележи прв пад од 2001-ва година

alko 333

Во 2015-та година глобалната продажба на алкохол се намалила за прв пат откако компанијата за пазарни истражувања „Euromonitor“ почнала да го следи пазарот во 2001-ва година, пишува „CNN“.

Всушност ќе треба да се вратите на азиската финансиска криза од крајот на 90-тите години, за да го откриете последниот пад во светската потрошувачка на алкохолни пијалоци, посочува аналитичарот на „Euromonitor“, Спирос Маландакис.

alko 334

Иако продажбата во доларски израз се зголеми за околу 2% во 2015-та година, вкупниот обем на конзумирање алкохол е намален за 0,7%.

Падот на економиите на големите пазари во развој изгледа ги принудува корисниците да не пијат толку многу.

Кина, која е најголем потрошувач на алкохол во светот, забележува пад од 3,5% во потрошувачката за минатата година, додека економскиот раст на земјата се забавува.

Потрошувачката во Бразил и Источна Европа опадна односно со 2,5% и 4,9%. Бразил се соочува со економски проблеми и политичка криза поради корупција. Споровите меѓу Украина и Русија, пак влијаеле негативно на индустријата во Источна Европа.

alko 335

Генерално алкохолната индустрија е сметана од инвеститорите за нешто сигурно, бидејќи луѓето пијат и во добри и во лоши времиња. Но, работите не се развиваат токму така во моментов.

Румот и водката биле пијалоците кои најлошо се претставиле во минатата година. Од друга страна англискиот премиум џин, ирското виски, јапонското виски и темните пива се радуваат на скок на популарноста во периодот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП