3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЗапочна снимањето на играниот филм "Словенија, Австралија, а утре светот"

Започна снимањето на играниот филм “Словенија, Австралија, а утре светот”

mar3

Продукцијата Кино Око информира дека во Словенија започна снимањето на играниот филм “Словенија, Австралија, а утре светот” во режија на Марко Набершник.

Филмот е ко-продукција помеѓу Перфо (Словенија) и Кино Око (Македонија). Истиот е финансиран од Агенцијата за филм на РМ.

Македонската екипа која е дел од овој филм ја сочинуваат: Горан Игњатовски-дизајн на шминка, Марина Колоска- асистент на камера, Игор Василев-Новоградска-композитор на музика и дел од пост продукцијата ќе биде направен во Македонија.

Македонски ко-продуцент е Роберт Насков. Снимањето ќе трае до крај на јуни на локации во Љубљана и Марибор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП