14 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложбата „За тебе љубов моја“ во Прилеп

Изложбата „За тебе љубов моја“ во Прилеп

za-tebe

Денес, во 20 часот во галеријата од ЦК „Марко Цепенков“, ќе биде отворена изложба на слики „За тебе љубов моја“ од Маријета Сидовски.

Уметницата ќе се претстави со дела изработени во комбинирана техника на харија (димензии 20×20) создадени 2014/2015 година.

Маријета Сидовски е родена е во Нови Сад, Србија во 1973 година. Дипломирала во 1998 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, Македонија, во класата на проф. Душан Перчинков. Постдипломски студии завршува на Факултетот за применета уметност во Белград, србија, одсек за конзервација и реставрација на штафелајно сликарство под менторство на проф. Светислав Николиќ, во 2010. Во 2005 и 2010 година престојува во Париз и Бетон, Бретања, Франција; во 2005 престојува во Њујорк, САД; во 2005 учествува на V- ти Франкофонски игри во Ниамеи, Нигер, Африка. Од 2005 година работи во Музеј на современата уметност во Скопје, Македонија, како конзерватор. Остварила 35 самостојни представувања во земјава и странство. Учесник е на повеќе од 60 групни интернационални изложби и уметнички колонии во земјава и странство. Награди: 2004 Златна цигла, Галерија Подрум, Нови Сад, награда за најдобра изложба по мислење на публика 2008 Димитар Кондовски, награда за сликарство, ДЛУМ 2012 Вангел Коџоман, награда за сликарство мал формат.

„Сликарството на Мариета Сидовски е зрело и инвентивно. Таа го поетизира животот, подвлекувајќи ги неговите онтолошки и метафизички квалитети. Љубовта е основна водилка и оттука доаѓа поетичноста која зрачи од нејзините слики преку суптилно одбрани елементи или цитати. Изложените дела на изложбата „За тебе љубов моја“ претставуваат свеченост за окото, од нив струјат тонови, партитури. Се работи за сликарство со психолошка, симболична сугестија во која гледачот успева да ја осознае душевната состојба на сликарот, а тој пак преку своите дела стои целосно соголен пред нас. Сликарството на Мариета Сидовски како да открива една нова поетика и поетизација на љубовта. Открива, затоа што поттикнува нови сфаќања и нови ликовни доживувања“, пишува Климе КОробар за творештвото на Сидовски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП