14 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропјаните го скратија работното време: Грците имаат најдолга работна недела

Европјаните го скратија работното време: Грците имаат најдолга работна недела

Вработените во Европската Унија минатата година работеле во просек 36 часа неделно, што е намалување во споредба со 2014 година кога просечната работна недела била 37 часа, објави денес Евростат.

Според овие статистики, со 40 работни часа неделно во 2024 година, Македонија е значително над просекот на Европската Унија.

Податоците се однесуваат на работното време на лицата на возраст од 20 до 64 години на нивната главна работа, и со полно и со скратено работно време.

Најдолга работна недела регистрирана во Грција

Меѓу членките на Европската Унија, најдолги работни недели се регистрирани во Грција 39,8 часа, Бугарија 39 часа, Полска 38,9 часа и Романија 38,8 проценти.

Спротивно на тоа, вработените во Холандија работеле најкратко, во просек 32,1 часа неделно, по што следат Данска, Германија и Австрија со по 33,9 часа.

Според гранките на дејност, вработените во секторот земјоделство, шумарство и рибарство работеле најдолго, со просек од 41,2 часа неделно.

По нив следуваат работниците во секторот рударство и вадење руда, 38,8 часа, и градежните работници, 38,7 часа.

Најкратки работни недели се забележани во активностите поврзани со одржување на домаќинството со 26,7 часа неделно, како и во образованието со 31,9 часа и категоријата уметност, забава и рекреација со 32,9 часа, според веб-страницата на Евростат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП