Официјалниот профил на папата Лав XIV е отворен на Инстаграм, кој го заследија 8,7 милиони луѓе за помалку од 24 часа.
На профилот беа објавени само неколку фотографии, претежно од плоштадот Свети Петар, направени на денот на објавувањето на името на новиот папа.
„Мир на сите вас! Ова е првиот поздрав што го изговори воскреснатиот Христос, Добриот Пастир. Би сакал овој поздрав на мирот да одекне во вашите срца, во вашите семејства и меѓу сите луѓе, каде и да сте, во секоја нација и низ целиот свет“, профилот беше објавен на пет јазици.
На повеќе од 940 илјади луѓе им се допадна таа објава за помалку од 24 часа.
Поранешниот кардинал Роберт Франсис Превост беше избран пред една недела за нов папа, а тој го избра името Лав XIV.