28 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНеверојатно: 16 намирници кои содржат НУЛА калории!

Неверојатно: 16 намирници кои содржат НУЛА калории!

obrok---kop

Обидете се барем еден оброк во текот на денот да го направите од овие намирници и верувајте – вагата набрзо ќе ви ги покаже резултатите.

Намирниците кои се најдоа на оваа листа се толку диетални што вашиот организам ќе искористи повеќе калории за да ги свари и обработи, отколку што ќе внесе при консумирањето на истите. Токму овие намирници се препорачуваат при диети, а покрај негативните калории на вашето тело ќе му донесат и многу хранливи материи

1. Рукола (4 калории во една шолја)

Богата е со влакна, витамините А, Ц и К, калиум и други нутриенти. Таа е силен антиоксидант.

2.Шпаргли (27 калории во една шолја)

Содржат големи количини на аминокиселини кои имаат диуретски својства, па се одлични за чистење на организмот од алкохол и други токсини. Содржи витамини А Ц, Е, К Б6, железо, бакар…

3. Брокули (31 калорија во една шолја)

Богата со витамини и минерали, има силни антивоспалителни својства.

4. Зелка (22 калории во една шолја)

Богата со витамини, минерали, влакна и фитонутриенти. Одлична за детоксикација.

5. Зелена салата (5 калории во една шолја)

Содржи витамин Б, фолна киселина, манган…

6. Ротквици (37 калории во половина шолја)

Богати се со железо, влакна, фолна киселина, калиум. Силен антиоксиданс.

7. Грејпфрут (39 калории половина парче)

Содржи големи количини на витамините Ц, А, ликопен, фолна киселина, калиум, пектин, како и влакна.

8. Домат (22 калории во домат со средна големина)

Содржи ликопен, еден од најсилните антиоксиданти, потоа калиум, витамин Ц и влакна.

9. Тиквици (20 калории во една шолја)

Содржат многу витамин А, како и влакна.

10. Спанаќ (7 калории во една шолја)

Богат е со железо, фолна киселина и К витамин. Содржи и бета-каротен, витамин Ц, како и лутеин.

11. Лимон и Лимета (20 калории без кората)

Богати со витамин Ц, а ако ги јадете цели содржат и влакна.

12. Кељ (5 калории во една шолја)

Богат е со фитонутриенти, витамин Б, фолна киселина, манган…

13. Лук (4 калории во едно чешне)

Има антивоспалителни својства, помага во борбата против настинките, разни хронични болести, го регулира притисокот, но и болестите како што е ракот.

14. Коморач (27 калории во една шолја)

Во себе содржи речиси од сите витамини и минерали, а помага во спречувањето на кашлицата предизвикана од настинка, го освежува здивот и го намалува обемот на струкот.

15. Целер (16 калории во една шолја)

Содржи витамин А, Ц, фолна киселина и е одличен антиоксиданс.

16. Моркови (22 калории во половина шолја)

Морковите имаат многу малку заситени масти и се одличен извор на витамините Б1, Б3, Б6, Ц, А и К, фолна киселина, магнезиум и калиум.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП