15 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЏесика Частејн и Винсен Линдон го отворија 69-от филмски фестивал во Кан

Џесика Частејн и Винсен Линдон го отворија 69-от филмски фестивал во Кан

kan==kok

„Да живее филмот, да живее Кан, да живеат жените“, извикнаа францускиот актер Винсен Линдон и неговата американска колешка Џесика Частејн отворајќи го во средата вечерта 69-то издание на филмскиот фестивал во Кан, кој според програмата и учесниците е најголемиот собир во филмскиот свет, а годинава се одржува под силно полициско обезбедување.

Пред отворањето на фестивалот бројни ѕвезди продефилираа на црвениот тепих, меѓу кои Сузан Сарандон, Џулијан Мур, Ева Лонгорија и Викторија Бекам, а на славното шеталиште Кроазет се очекуваат и други ѕвезди како Адам Драјвер, Кристен Стјуарт, Винсен Касел, Марион Котијар, Жулиет Бинош, Рајан Голсин, Изабел Ипе, Шарлиз Терон…

Винсен Линдон, кој минатата година беше прогласен за најдобар актер во Кан и Џесика Частејн, актерка во „The Tree od Life“ во ист глас го прогласија фестивалот за отворен. Отворањето мина со срастен филмски бакнеж, симбол на она што се случува само на филмското платно, меѓу водителот, францускиот актер Лорен Лафит и дивата Катрин Денев.

Фестивалот во Кан беше отворен со премиерната проекција на најновиот филм, 49-ти во опусот на култниот американски режисер кој последната деценија твори во Европа, Вуди Ален, под наслов „Cafe Society“, кој беше прикажан надвор од конкуренцијата. Следните денови ќе бидат прикажани вкупно 84 филмови, од кои 21 ќе се натпреваруваат на најпрестижното признание Златната палма на Кан.

Церемонијата на отворањето на фестивалот заврши со оддавање почест на неодамна починатата американска поп ѕвезда Принс. Пејачот Матје Шедид ја отпеа акустичната верзија на „Purple Rain“.

Во конкуренцијата за Златната палма, за која ќе одлучува жирито со коешто претседава австралискиот режисер, сценарист и продуцент Џорџ Милер, ќе бидат прикажани 21 филм, меѓу кои и најновите дела на Педро Алдомовар, браќата Дарден, Ксавиед доланб, Џим Џармуш, Пол Верховен, Ашгар Ферхади, Кен Лоах, Џоди Фостер, Џеф Николс и „Sieranevada“ на романскиот режисер Кристи Пуиу кој ќе биде премиерно прикажан во четвртот, а во кој Македонија учествува со малцински копродукциски удел преку е Лабина Митевска од продуцентската куќа „Сестри и Брат Митевски“.

Алдомовар ќе се престави со филмот „Juliet“, Џармуш со „Paterson“, а Шон Пен со „The Last Face“. Во конкуренцијата уште се и „Personal Shopper“ на Французинот Франсез Оливие Асејаз, „Juste la fin du monde“ (Само крајот на светот) на канадскиот режисер Ксавиер Долан, „La Fille inconnue“ (Непознато девојче) на белгиските режисери Лук и Жан Дарден и филмот „I, Daniel Blake“ на Британецот Кен Лоах.

Филмот на Стивен Спилберг „BFG“, адаптација на книгата на британскиот писател Роалд Дал – „Big Friendly Giant“, ќе биде прикажан надвор од конкуренцијата, како и филмот на Џоди Фостер „Money Monster“ во кој глумат Џулија Робертс и Џорџ Клуни.

Актерите Кирстен Данст и Доналд Сатерленд, како и унгарскиот режисер Ласло Немеш како последни му се придружија на жирито коешто ќе одлучува за наградите, кое под претседавањето на австралискиот режисер, сценарист и продуцент Џорџ Милер, чиј филм „Побеснетиот Макс: Див пат“ со проекција вон конкуренцијата минатиот мај го започна својот фантастичен поход по кино салите низ светот, ќе ги оценуваат 21-от филм во официјалната конкуренција. Во жирито се уште и данскиот актер Мадс Микелсен, француската актерка и пејачка Ванеса Паради, францускиот режисер Арно Деспешен, италијанската актерка и режисерка Валериа Голино и иранскиот продуцент Катајун Шахаби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП