Кинеската инфлација се забрза до 2,3 отсто на годишна база во април, што ја претставува истата стапка на раст, како во претходните два месеци, но е под консензус очекувањата на аналитичарите за раст до 2,4 отсто, овозможувајќи и на централната банка да скршне од курсот на затегнатата монетарна политика во услови на слаба побарувачка, со што се соочува втората најголема економија во светот.
Од политичка гледна точка чувствителните намирници придонеле најмногу за корисничката инфлација, истакнувајќи раст од 7,4% во април во споредба со истиот период од минатата година. Во исто време растот кај непрехранбени стоки се забавува – 1,1 отсто. Цените на потрошувачките стоки бележат скок од 2,5 отсто, а оние на услугите со 2 отсто.
Цените на свинското го продолжуваат својот пат нагоре, така што пораснаа за 33,5% на годишна основа во април во споредба со растот од 28,4% на годишна основа во март. Според следењето на економијата на Кина од аналитичарот во „Capital Economics“, Џулијан Иванс-Причард, овој раст на цените на свинското бил „повеќе од компензиран“ од бавното поскапување на зеленчукот.
Целната потрошувачка инфлација на властите во Пекинг е 3%.
Производните цени паднаа за 3,4% во април во споредба со една година порано. Сепак бројката е пониска од прогнозите на анкетирани аналитичари од „Ројтерс“ за 3,8%. На месечна основа индексот на производствените цени се зголеми за 0,7%.
Во првото тримесечје од годината економскиот раст во Кина забави до 6,7%, најбавното темпо од 2009-та година.
Зголемувањето на цените од крајот на минатата година, иако управувано главно од прехранбените производи, може да и овозможи на централната банка да го одложи уште обезбедувањето на можни стимулации за конјуктура.