5 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрошоци на живот: со просечна плата не може да се протурка месецот

Трошоци на живот: со просечна плата не може да се протурка месецот

plata

Трошоците на живот се намалиле за 0.7% во април 2016-та во однос на април 2015-та, а просечната плата пораснала за 3.4%. Сепак, со неа четиричлено семејство може да покрие само две третини од основните трошоци.

Храната поевтина за 2.4%, цигарите поскапи за 5.9%

Според најновите податоци на Државната статистика во овој период поскапување имало во категориите: рекреација и култура за 4.7%, алкохол и цигари за 4.1%, мебел и покуќнина за 2.6%, облека и обувки за 2.3%, комуникации за 1.7%, ресторани и хотели за 1.3% и образование за 0.4%.

Истовремено поевтинување има во категориите: транспорт за 3.8%, храна и пијалаци за 2.2%, домување и комунални услуги за 0.7% и здравје за 1.9%.

Кога се ќе се собере статистичарите пресметале дека вкупните трошоци на живот се намалиле за 0.7%.

Збирно храната поевтинила за 2.4% и безалкохолните пијалаци за 0.2%. Сепак, цените на некои производи оделе нагоре, а на други надолу. Најмногу поскапеле шеќерот и благите работи, за 5.6%. Потоа маслото за 3.9% и кафето за 2.1%. Најмногу поевтиниле зеленчукот за 14.6%%, месото за 2.4%, овошјето за 1.7%, месото за 1.9% и соковите за 1.1%. Цените на млекото и млечните производи останале исти.

Жестоките пијалаци поевтиниле за 0.3%, пивото за 0.2%, а виното поскапело за 1.2%. Цените на цигарите во просек пораснале за 5.9%.

На едно семејство му требаат 32.345 денари да го протурка месецот

Иако прави анализи на трошоците на живот, ДЗС веќе четири години не ја пресметува месечната потрошувачка кошничка. Единствено Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) прави вакви пресметки. Иако според ДЗС трошоците на живот се намалени, според ССМ потрошувачката кошница е зголемена. Разликата најверојатно се должи на различните категории на производи врз основа на кои се прави пресметката.

Нивната минимална синдикална кошница поскапела за 94 денари за една година. Според пресметката на просечно домаќинство во март 2016-та му биле потребни 32.345 денари за да го протурка месецот, а во март 2015-та 32.251 денар.

Најголем дел од овие пари, 13.414 денари или 41.5% одат за храна и пијалаци. За трошоци за домување биле потребни 10.482 денари или 32.5%, за хигиена 2.276 денари или 7%, за превоз 2.340 денари или 7.2%, за облека и обувки 2.082 или 6.4%, за култура останувале 1.070 денари или 3.3%, а за здравство 681 денари или 2.1 %.

Просечната плата покрива само 67.5% од синдикалната кошница

Според податоците на Државната статистика просечната нето плата во февруари годинава била 21.813 денари, таа покрива само 67.5% од синдикалната потрошувачка кошница.

Во февруари 2016-та во споредба со февруари 2015-та била поголема 3.4%. Во овој период најмногу пораснале платите во секторот градежништво (16.3%), административни и помошни услужни дејности (11.1%) и земјоделство, шумарство и рибарство 11.0%. Намалување на просечната плата имало кај секторите трговија (7.8%) и снабдување со електрична енергија (6.5%).

Во февруари 1.2% од вработените не примиле плата.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП