2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на вредноста на европските банки – пристигнува ли нова криза?

Пад на вредноста на европските банки – пристигнува ли нова криза?

banking-jobs

Финансиските експерти и аналитичари се прашуваат, откако беа објавени информациите за губење на пазарната вредност на најголемите банки, дали европскиот банкарски систем се соочува со нова криза?

Дека овој страв не е без основа, потврдуваат резултатите од работењето на големите европски банки, според кои двете банки со најголем углед, „Дојче Банк“ и „Кредит Свис“, загубија од почетокот на 2016-та година, дури 33, односно 35 проценти од својата вредност.

Пазарната вредност на „УниКредит“ е преполовена, а вредноста паѓа и кај „Ерсте Банка“ и „Интеса Санполо“ и тоа за четвртина.

„Треба да се има во предвид дека поради кризата, овие банки веќе минатата година изгубија на вредност. На пример, силниот пад на вредноста на италијанските банки започна во 2015-та година, кога Европската централна банка побара да споделат информации за бројот и големината на одобрени нефункционални кредити“, се вели во анализата.

Швајцарската банка „УБС“, една од најголемите и најреномираните банкарски институции во светот, објави дека во првите четири месеци од оваа година остварила нето добивка од 707 милиони швајцарски франци, што е значително помалку во однос на приходите од истиот период во минатата година, кога забележа нето добивка од речиси две милијарди франци.

Работењето на швајцарските банки, некогаш најбезбедно место за светските богаташи, и тоа стана многу дискутабилно, кое истовремено се должи на рекордно ниското ниво на камата, од 0 до 1,5 отсто, па повеќе не се исплати да ги чуваат парите во банките.

Дополнителен проблем е тоа што банките се повеќе пропишуваат и негативни каматни стапки, што значи дека на штедачите им наплатуваат за чувањето пари на нивните сметки.

Поради тешката состојба на банкарскиот сектор во Италија, владата во Рим има основано фонд кој треба да помогне во докапитализација на малите, послаби банки, да им помогне со пари за да можат полесно да ја пребродат кризата, а тоа се приватни пари.

Се проценува дека на италијанскиот банкарски сектор му е потребна финансиска инјекција од 300 милијарди евра за да се реши проблемот со лошите и нефункционални кредити.

Во Велика Британија, банката „ХСБЦ“, најголемата финансиска и банкарска институции во светот со седиште во Лондон, со 85.000 вработени, најави отпуштање на 20.000.

„Барклис“, која исто така работи во Лондон, објави дека ќе намали 1.000 работни места.

На банкарскиот сектор во Велика Британија може да му се случи многу поголема катастрофа, доколку Англичаните на референдум одлучат нивната земја да не е дел од ЕУ.

Во овој случај, експертите предвидуваат, дека Велика Британија ќе изгуби 100.000 работни места во финансискиот сектор. Толку работни места од овој сектор ќе се преселат во европските земји, а само „Дојче банк“ во Англија има повеќе од 9.000 вработени.

Ваквата криза е резултат пред се на ниските цени на нафтата, ниските каматни стапки, лошите кредити, вкупната економска криза, но и ароганцијата на финансиската олигархија која владее не само со судбината на поединци и компании, туку и со цели држави, но и со вкупната светска економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП