Скопје, Северна Македонија (9 јули 2025 година) – Филип Морис Тутунски комбинат Прилип (ФМТКП) гордо го најавува лансирањето на IQOS ILUMA i во Северна Македонија – најновиот и најнапредниот уред во своето растечко портфолио на производи без чад, дизајниран исклучиво за полнолетни пушачи, кои инаку би продолжиле да користат цигари. Почнувајќи од денеска, возрасните корисници на никотин во Северна Македонија можат да купат IQOS ILUMA i и да ја искусат следната генерација на технологија за греење тутун.
Како дел од глобалната визија на Филип Морис за иднина без чад, IQOS ILUMA i се темели на повеќе од една деценија научни истражувања и развој, нудејќи иновативни алтернативи на цигарите преку индуктивно греење без сечила и подобрена персонализација.
„Повеќе од една деценија, неуморно работиме на развој и проценка на производи без чад за да им обезбедиме на возрасните кои пушат подобри алтернативи, базирани на науката и технологијата. Корисниците ни возвратија со разбирање, прифаќање и доверба. Бројот на корисници што го направиле овој подобар избор постојано расте и затоа IQOS е бренд број еден за греење тутун. Денес, го носиме IQOS на нови височини со лансирањето на IQOS ILUMA i, нудејќи низа напредни функции за чисто, беспрекорно и пофлексибилно искуство“, рече Иван Костик, генерален директор на Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп.

Три нови уреди, секој од нив без чад
Линијата на IQOS ILUMA i вклучува три модели: IQOS ILUMA i PRIME, IQOS ILUMA i и IQOS ILUMA i ONE.
Сите уреди се опремени со револуционерниот SMARTCORE INDUCTION SYSTEM™ на Филип Морис Интернешнл, кој овозможува греење без сечила за почисто и попријатно искуство. Со различни елегантни дизајни, овие уреди ги задоволуваат различните преференции на возрасните корисници.
Напредни функции за персонализирана употреба
Екран на допир: Новиот екран на допир на држачот овозможува брз пристап до информациите за употреба.
Режим на пауза: Корисниците можат да ја паузираат и продолжат својата сесија со едноставно лизгање, нудејќи поголема флексибилност.
FlexBattery: Прилагодлив преку апликацијата IQOS, корисниците можат да го изберат режимот на перформанси за до три последователни употреби.
Намалена изложеност: Уредите IQOS испуштаат во просек 95% пониски нивоа на штетни хемикалии во споредба со цигарите.
Возрасните пушачи кои бараат повеќе информации за подобри алтернативи на континуирано пушење, можат да ја посетат страницата: https://www.iqos.com.