16 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДокументарниот филм за студентскиот дом „Гоце Делчев“ достапен онлајн

Документарниот филм за студентскиот дом „Гоце Делчев“ достапен онлајн

kultkultura

„Зелени ѕидови, црна храна“ – краткиот документарен филм за студентскиот дом „Гоце Делчев“- Скопје од вторникот е достапен и онлајн.

Овој документарен филм претставуваше испитна вежба на Сандра Ѓоргиева, студентка на Факултетот за драмски уметнотсти во Скопје на катедрата за филмска и ТВ монтажа и беше реализиран во соработка со студентите од катедрите по филмска и ТВ камера и филмска и театарска продукција, како и со Факултетот за музичка уметност.

Својата премиерна проекција ја имаше во рамките на фестивалот Македокс во јуни 2015 и оттогаш беше дел од осум интернационални фестивали, меѓу кои и во официјална конкуренција на Сарајево филм фестивал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП