18 април, 2025
ПочетнаКУЛТУРАПрва велигденска фолклорна средба во Демир Хисар

Прва велигденска фолклорна средба во Демир Хисар

demir 33

Општината Демир Хисар и Домот на културата денеска беа домаќини на првата велигденска фолклорна средба што се одржа под покровителство на градоначалникот, Министерството за култура и Сојузот на фолклорни ансамбли на Македонија.

Замислена како своевидна фолклорна ревија на најдобрите аматерски ансамбли од градот домаќин, Демир Хисар и соседните градови Кичево, Охрид и Битола, на Средбите допатуваа и учествуваа двестетина млади пасионирани фолклористи.

Манифестацијата започна со свечено дефиле по улиците на Демир Хисар што го предводеше градоначалникот Љупчо Блажевски, а потоа овој настан заврши на градскиот плоштад каде што четирите оркестри на фолклорните ансамбли го предводеа големото народно оро.

Во вториот официјален дел што се одржа во концертната сала на Домот на културата, фолклористите од сите друштва се претставија со најдобриот избор на фолклорни кореографии.

Демирхисарските велигденски фолклорни средби ќе прераснат во традиционална годишна манифестација, рече покрај другото во своето пригодно обраќање претседателот на Сојузот на фолклорните ансамбли, Антонио Димитровски кој вети дека манифестацијата секогаш ќе ја има силната поддршка и поткрепа од оваа фолклорна асоцијација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП