21 јуни, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на Стефан Димовски во галеријата на НЛБ Тутунска банка

Изложба на Стефан Димовски во галеријата на НЛБ Тутунска банка

стеф

Денес, во 20 часот, во Галерискиот простор на НЛБ Тутунска банка, на ул. Мајка тереза бр.1, Скопје, ќе биде отворена најновата изложба на дела од Стефан Димовски.

Стефан Димовски e роден 1983 година во Скопје, во уметничко семејство. Сериозно започнува да се занимава со акварел во 1995 година. Долгогодишниот престој во Франција му овозможува да воспостави контакти со познати акварелисти, и да ја усоврши акварелната техника до перфекција. Досега има учествувано на повеќе групни изложби во Сан Рафаел, а исто така своите дела ги изложувал во повеќе галерии на југот на Франција. Во 2010/2011 година дел од неговите акварели се селектирани во 11-тото издание на Интернационалниот каталог за модерна уметност Италија, Рим.

Во 2011 добива награда за акварел во конкуренција на 60 сликари и акварелисти на 12 саем за сликари и акварелисти во Сан Рафаел, Франција.

Во 2011 година исто така добива втора награда за скулптура изработена од отпад за рециклирање, во организација на ПАКОМАК. Истата година учествува на изложба на акварели во организација на општина Карпош- Скопје.

Во 2013 година ја оствари својата прва самостојна изложба во Музеј на град Скопје, а во 2014 година ја реализира и својата втора хуманитарна изложба во ликовниот салон на НЛБ Тутунска банка во Скопје. Истата година реализира трета изложба заедно со својот татко Ангел Димовски-Чауш, во Народен музеј Велес (Ликовен салон). Во 2014 година исто така ги изложува своите дела, и прави перформанс во Попова кула. Во 2015 година станува член на ДЛУМ, и учествува на “Експериментален цртеж” – 2015, “МиниАРТура” – 2015, “Годишна изложба на ДЛУМ” – 2015, „Новогодишни честитки – Концепт 37” – 2015, „Хуманитарна аукција во дом на АРМ” – 2015, „Мал формат” КИЦ Скопје – 2015. Во 2016 учествува на 16-ти Зимски салон – Скопје. Негови дела се наоѓаат во повеќе институции и приватни колекции во земјава и странство. Во неговите дела покрај чистиот акварел, присутна е и комбинирана техника (акварел, колаж, акрилик, сепиа).

„Акварелот нуди големи можности за експериментирање и како ликовен израз од уметникот бара брза и вешта рака, суптилен колорит, специфичен ликовен јазик и познавање на техниката. Токму сето ова е присутно во творештвото на Стефан Димовски“, вели Дора Андова Фотева

„Стефан со неговиот талент иницира нов почеток со особена посебност во сликарскиот јазик, акварели автентично, маестрално и лефтерно изведени со акварелната сликарска четка, ни наговестува голем мајстор во доменот на акварелот“, пишува за него, Милош II Коџоман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП